Business

28 pages
744 views

ЗАКОН ЗА ДОГОВОРЕН ЗАЛОГ

of 28
All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
Share
Description
ЗАКОН ЗА ДОГОВОРЕН ЗАЛОГ
Transcript
  ЗАКОН ЗА ДОГОВОРЕН ЗАЛОГ   КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ  1 Закон за договорен залог („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2003, 4/2005, 87/2007, 51/2011, 74/2012, 115/2014, 98/2015, 215/2015 и 61/2016).   Глава I   ОПШТИ ОДРЕДБИ   Член 1   Со овој закон се уредуваат начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог) и врз недвижности (хипотека), (во натамошниот текст: залог, заложно право).   Член 2   Со залогот се обезбедуваат парични и друг вид побарувања, чија вредност е изразлива во пари, што доверителот ги има во однос на својот должник од одреден облигационен однос.   Покрај побарувањата од ставот 1 на овој член со залог се обезбедуваат и побарувањата на иматели на обврзници што ги имаат во однос на издавачот на обезбедените обврзници, издадени во согласност со законот со кој се уредуваат хартиите од вредност.   Побарувањата обезбедени со залог, ако не бидат исполнети во рокот на нивната пристигнатост, заложниот доверител нив може да ги намири од вредноста на предметот на залогот или под услови и начини предвидени со овој закон за да се стекне со право на сопственост врз предметот на залогот (lex commissoria).   Побарувањата од ставовите 1 и 2 на овој член, се сметаат доволно одредени ако е определен нивниот носител, должникот, правната основа и износот, односно видот на побарувањата.   Член 3   Рачниот залог може да се заснова со предавање на предметот во владение (владетелски залог) или без негово предавање во владение (невладетелски залог), а хипотеката се засновува само како невладетелска.   Член 4   Предмет на рачниот залог може да биде подвижна ствар, хартија од вредност, одредено имотно побарување или друго право, а предмет на хипотеката само одредена недвижност, односно ствар изедначена со недвижност, со овој или друг закон.   Член 5   Со залог може да се оптовари целиот предмет на залог или само идеален негов дел, како и повеќе одделни предмети.    Член 6   Во залог може да се даде и предмет врз кој веќе е заснован залог.   Член 7   Залог може да се заснова и врз иден предмет.   Ако предметот на залог дава плодови или производи, предмет на залог се и плодовите или производите како и заменските ствари на предметот на залог, освен ако со договорот за залог поинаку не е предвидено.   Член 8   Залог може да биде даден и за идна или условна обврска и врз нив да се заснова подзалог.   Член 9   Кога предмет на залогот се хартии од вредност, определени облигациони побарувања или други права, ако поинаку не е уредено со овој закон и друг закон, на нив соодветно се применуваат одредбите за залогот.   Член 10   Предметот на залогот мора да е во сопственост на заложниот должник и да е во правен промет.   По исклучок од ставот 1 на овој член, предмет на залог може да биде и предмет што не е во сопственост на заложниот должник, ако тој врз него во моментот на засновањето на залогот има стекнато право на залог ( подзалог).   Член 11   Ако врз предметот на залогот постои право на сосопственост, залогот се заснова врз идеалниот дел на предметот кој му припаѓа на заложниот должник.   Ако идеалниот дел на предметот од членот 11, став (1) на овој закон е неделив и физички не може да се одвои од остатоците во зависност од висината на залогот, доверителот може да побара отуѓување на целиот залог на трето лице по кое тој во случај на неисполнување на обврската ќе го намири долгот од заложниот должник, а доколку заложниот должник ја намири обврската по отуѓувањето на целиот залог има право да го задржи за себе остатокот од залогот кој претходно е заложен кај доверителот.   Ако врз предметот на залогот постои право на заедничка сопственост, за засновање на залогот е потребна заверена изјава за согласност од сите заеднички сопственици.   Ако заложниот должник не ја прибави потребната изјава за согласност од ставот 3 на овој член, а залогот биде заснован, ќе се смета дека залог е заснован на делот од заедничкиот предмет кој нему му припаѓа.   Член 12    Кога предмет на залогот е недвижен имот на трговско друштво или друго правно лице во него влегуваат и неговите припадоци и прирастоци, ако поинаку не е договорено или пропишано со закон.   Ако е заснован залог согласно со ставовот 1 на овој член, без оглед на бројот на заложните доверители, заложниот должник е должен во рок од 15 дена од денот на засновањето на залогот, да го достави за објавување во “Службен весник на Република Македонија”, кој е должен да го објави во првиот нареден број.   Одредбата од ставот 2 на овој член се применува и на заложниот должник кој поединечно со повеќе договори го оптоварил целокупниот свој подвижен и недвижен имот.   Член 13   Заложен должник може да биде секое физичко и правно лице кое има определен паричен долг или долг чија вредност е изразлива во пари во однос на заложниот доверител   од одреден облигационен или друг вид правен однос.   Заложен должник може да биде и трето лице кое нема долг спрема заложниот доверител, а е согласно да одговора за туѓ долг со засновање на залог врз свој предмет, при што ова лице на заложниот доверител му одговара само со заложениот предмет.   Заложен доверител може да биде секое физичко и правно лице кое има определено парично побарување или побарување чија вредност е изразлива во пари во однос на својот должник, кој е согласен врз својот предмет да допушти засновање залог во полза на доверителот или место него тоа да го стори трето лице кое нема таков долг, а е согласно врз негов предмет да се заснова право на залог.   Заложен доверител може да биде и заеднички застапник кој ги застапува интересите на имателите на обезбедените обврзници со недвижен имот, кои имаат побарување од издавачот на обврзници, кој издавач е согласен врз својот недвижен имот да допушти засновање на залог во полза на имателите на обезбедени обврзници или место него тоа да го стори трето лице кое нема таков долг, а е согласно врз неговиот недвижен имот да се заснова право на залог.   Член 14   Правото на невладетелски залог се стекнува со склучување на договор за залог, со попис и опис на заложната ствар и упис на залогот во заложниот регистар.   Правото на владетелски залог се стекнува со склучување на договор за залог и со предавање на предметот на залог во владение на заложниот доверител.   Член 15   Правото на невладетелски залог врз хартија од вредност се стекнува со склучување на договорот за залог, со попис и опис на заложената хартија од вредност и упис на залогот во Заложниот регистар.   Правото на владетелски залог врз хартија од вредност се стекнува со склучување на договорот за залог и со пренос на хартијата од вредност во владение на заложниот доверител.   Член 16    Правото на невладетелски залог врз побарување или друг вид права (интелектуални права и други сродни права) се стекнува со склучување на договор за залог и со попис и опис на заложното побарување или друг вид право и нивен упис во Заложниот регистар.   Правото на владетелскиот залог врз побарување или друг вид право се стекнува со склучување на договор за залог и со отстапување, односно пренесување на побарувањето или на друг вид на право.   За заложното право од ставовите 1 и 2 на овој член, потребно е да биде писмено известен должникот врз чија обврска е заснован залогот, а во спротивно залогот е без правно дејство.   Член 17   Правото на хипотека се стекнува со склучување на договорот за хипотека и со запишување на хипотеката во јавна книга на начин и под услови пропишани со закон.   Под „јавна книга“ во смисла на овој закон, се подразбира книгата во која се врши запишувањето на правото на сопственост врз недвижностите и на другите стварни права врз тие недвижности, како и книгата во која се врши запишување на правото на сопственост и други стварни права врз ствари изедначени со недвижностите според овој и друг закон.   Член 18   Одредбите на овој закон за засновање на правото на залог, соодветно се применуваат и на промената и престанокот на правото на залог.   Член 19   По извршениот упис на правото на залог, негова промена или престанок, органот надлежен за водење на Заложниот регистар, односно јавната книга во кои се врши уписот, промената или престанокот на залогот, по службена должност со електронски внес или на друг соодветен начин ги внесува сите релевантни правни податоци во врска со залогот во Централната база на податоци (во натамошниот текст: Централниот регистар).   Внесувањето на податоците од ставот 1 на овој член во Централниот регистар, се врши на начин и под услови определени со Законот за Централниот регистар.   Член 20   По засновањето на владетелскиот залог, со согласност на заложниот должник и заложниот доверител, може да се изврши упис во Заложниот регистар и на овој вид залог и да се внесат сите релевантни правни податоци во Централниот регистар.   Член 21   Договорот за залог се склучува во писмена форма, освен договорот за владетелски залог кој може да биде склучен во која било форма.   Договорот за невладетелски залог што не е склучен во писмена форма, не произведува правно дејство.   Член 22    Заложниот доверител и заложниот должник на договорот за залог, можат да му дадат својство на извршна исправа пред или по извршениот упис на залогот во Заложниот регистар, односно хипотеката во јавната книга.   Договорот за залог има својство на извршна исправа доколку е потврден или составен од нотар и доколку содржи изјава од договорните страни дека се согласни нивниот договор за залог да има својство на извршна исправа.   Ако договорот за залог својството на извршна исправа го стекне пред уписот на залогот во Заложниот регистар, односно во јавна книга, а до тој упис не дојде, договорот во тој случај го губи својството на извршна исправа.   Договорот за владетелски залог, склучен во писмена форма без оглед дали е запишан во Заложниот регистар или не, својството на извршност го стекнува согласно со ставот 2 од овој член.   Член 22 - а   Договорот за залог врз недвижност се заверува кај нотар чие службено седиште е на подрачјето на основниот суд каде што се наоѓа недвижноста.   Ако за обезбедување на едно парично побарување се заснова заложно право врз повеќе недвижности од подрачје на повеќе судови и кое заложно право треба да се запише во јавните книги од подрачјата на повеќе судови, надлежен е кој било нотар од подрачјето на тие судови.   Договорот за залог врз движни предмети со клаузула на извршност се заверува кај нотар на чиешто службено подрачје се наоѓа предметот на залогот или живеалиштето, односно седиштето на заложниот должник.   По договорот за залог врз хартии од   вредност, побарувања и други права постапува нотар на чиешто службено подрачје се наоѓа живеалиштето, односно седиштето на заложниот должник.   Ако заложниот должник нема живеалиште, односно седиште на територијата на Република Македонија, по договорот за рачен залог постапува кој било нотар во Република Македонија.   Член 23   Договорот за залог содржи:  - податоци за договорните страни: име и презиме, живеалиште или престојувалиште и единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ), односно назив или фирма, седиште и единствен матичен број на субјектот (ЕМБС),  - податоци за договорните страни кои се странски лица: за физичко лице - име и презиме, адреса, број на патната исправа и државата која ја издала патната исправа, а за странско правно лице - назив или фирма,   седиште, идентификационен број кој се води во странскиот регистар на правни лица и име на државата во која се наоѓа неговото седиште,  - општ или посебен опис на предметот на залог со доволно податоци тој да може да се идентификува, вклучувајќи ја и вредноста на предметот на залог,  - правна основа на побарувањето што се обезбедува со залог и неговиот износ;  - рокот на пристигнатост на побарувањето,  - време и место на склучување на договорот,  - согласност на заложниот должник, заложниот доверител да бара да се изврши запишување на правото на залог, во заложниот регистар, односно во јавната книга (клаузула интабуланди),  - идентификација на должникот ако не е заложен, односно хипотекарен должник,  - кој било друг релевантен факт, вклучувајќи какво било ограничување на правото на пренос на залогот или правото на употреба или отуѓување на предметот на залогот,  - правото на заложниот доверител во случај на доцнење од страна на заложниот должник да може
Related Documents
View more...
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks